Секој пратеник кој ќе гласа за промена на законите поврзани со Коридорот 8 треба да биде суден за насилно рушење на уставниот поредок, вели во објава на Фејсбук професорката Мирјана Најчевска во врска со измените и дополнувањата на 8 закони предвидени да бидат усвоени со скратена постапка со „тајниот“договор со „Бехтел и Енка“.
„Насилството има различни пројавни форми.
Тоа не мора да биде ниту физичко ниту пак да доаѓа надвор од институциите.
Може да биде институционално. Тоа е најстрашно.ж
Една од формите на институционално насилство е злоупотребата на функцијата и негирање на процедурите со нанесување директна штета на државата и сите граѓани“, објаснува Најчевска.
