„Кога ќе и се извини Бугарија на Македонија за окупацијата во Втората светска војна и за депортираните Евреи од Македонија со чиј животи бил платен животот на Евреите бугарски граѓани?

Тоа би било добар почеток за градење на добрососедски односи и за отворање простор за евентуална промена на Уставот.
Се разбира, на ова мора да се надоврзе почитувањето на меѓународните конвенции за заштита на малцинствата, што подразбира признавање на постоењето на македонското малцинство во Бугарија и спроведувањето на веќе донесените одлуки на Европскиот суд за човекови права во врска со нарушувањето на правата на ова малцинство“.
