„Ех Стево, Стево.
А баш можеше да бидеш запамтен како претседателот кој не се продаде“, реагира професорката Мирјана Најчевска на одлуката на шефот на државата, Стево Пендаровски, да го потпише указот на Законот за измена и дополнување на Законот за работни односи кој се однесува на изградбата на коридорите 8 и 10 Д, како и на останатите четири закони поврзани со „Бехтел и Енка“.

Во претходен пост, Најчевска реагира и на изјавата на заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска дека во изградбата на коридорите ќе се вклучат и домашни компании и дека тоа значи нови 8.000 работни места.

„Ова се вика замена на теза“ вели Најчевска..
„Не се работи за тоа колку работни места ќе се отворат туку дали е законски или не.

Трговијата со луѓе може да вработи уште поголем број работници, ама е незаконска.
Исто е и со изградбата на коридорот 8 спротивно на законите“, објави Најчевска на Фејсбук.