Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи кој во гостување на ТВ „Клан“ изнесе став дека довербатра на граѓаните во судствоото опаѓа бидејќи во институциите сѐ уште има „остатоци од поранешниот режим на Груевски“.
„Таа моќ со која толку упорно се боревме, имаше многу длабоки корени, а за да се поништи такво нешто, потребен е малку подолг период“, рече Битиќи во емисијата „Клан Дебата“.
На ова Најчевска вели:
„А, кога Битиќи ќе ни објасни како да ги искорениме остатоците на ДУИ од судството?
Режимот против кој се боревме беше составен од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Кадрите на ДУИ во правосудниост систем не само што не се тргнати туку се множат и метастазираат во правосудството и го зацврстуваат како алатка и главен заштитник на мафијата“, пишува Најчевска на Фејсбук.
