Најавата на бугарскиот претседател Румен
Радев за активирање ма европски механизми против таканаречената антибугарска хистерија во Македонија може да значи објавување на ,,Црна листа” на македонски граѓани на кои ќе им биде забрането во Бугарија но и во други земји членки на ЕУ кои ќе се согласат со аргументите на Бугарија за за рана на движење за македонски активисти.

Избори во невладиниот сектор во Софија кои инсистираат на анонимност тврдат дека изјавата на Радев треба да се доживее сериозно затоа што Бугарија и како држава и како членка на ЕУ има дискреционо право да блокира прием и движење на сите странци што смета дека работат против нејзините национални интереси.

Според изворите на листата може да се очекуваат да бидат, политичари, новинари, професори и сите тие за кои Софија смета дека работат против бугарските интереси.

Забраната за влез на овие луѓе во Бугарија е едноставна процедура и таа може да биде активирана од бугарската влада. Активирањето на европските механизми со кои Македонците од бугарската ,, Црна листа” ќе имаат проблем да патуваат низ ЕУ е посложен и побавен процес и тој Софија тешко ќе може да го спроведе за кратко време.

,,Бидете сигурни дека ќе бидат активирани сите европски механизми, така што ќе може да се заврши оваа анти-бугарска омраза и хистерија”, изјави вчера претседателот на Бугарија

Претседателот на Бугарија ја коментираше завчерашната одлука на неговиот македонски колега Стево Пендаровски да им забрани влез во државава на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица – државјани на Бугарија поради дејствија што претходно ги преземале и сè уште ги преземаат против нашата држава.

Радев за ова рече дека ќе се активираат сите европски механизми, за да заврши, како што вели антибугарската омраза и хистерија.

„Сега разбирате зошто се борев за правата на македонските Бугари толку многу за да бидат заштитени во Уставот на Република Северна Македонија и ова треба да биде предуслов за започнување на преговорите. Значи, Република Македонија не започна со преговори. Сè уште не ја имаат отворено вратата на просторијата каде се водат овие преговори. Очекувам да докажат институциите на Република Северна Македонија, не само дека не се дел од анти -бугарската кампања, ова веќе не е доволно, крајно време е тие да докажат дека активно се борат против оваа кампања. Во нашиот случај, бидете сигурни дека ќе бидат активирани сите европски механизми, така што ќе може да се заврши оваа антибугарска омраза и хистерија“, рече Радев одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на најавата на Пендровски.
Завчера, претседателот Стево Пендаровски, по завршувањето на 18. Седница на Советот за безбедност, рече дека односите со Бугарија биле во посебен фокус на состанокот поради најновиот развој на настаните во односите со источниот сосед. Претседателот Пендаровски соопшти дека, според сите проценки и анализи на надлежните безбедносни служби, одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик затоа што организирани структури во Бугарија се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање во Скопје на повеќе лица, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон С Македонија. Затоа Пендаровски рече дека ќе и предложи на Владата да им забрани влез во С Македонија на три лица.

Како што потенцираше Пендаровски, станува збор за структури во соседна Бугарија, кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговрарачка рамка за земјава во јули минатата година.

Тој рече дека на вакви организирани антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци во Бугарија, можеме како држава да одговориме на два начина и тоа првиот е со културна дипломатска реторика, како и досега, а вториот е со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви ситуации, а тоа е согласно одредбите од Законот за странци да му забранат влез во нашата земја на еден пратеник од Бугарија во ЕП и на неколку други лица државјани на Република Бугарија.

Сепак, од заклучоците што вчера ги донесе Владата во врска со одбележувањето на 4 февруари, никаде во соопштението не се споменува конкретно забрана за влез на европратреник и други бугарски државјани што завчера ги неведе претседателот на државата.