Најавената смена на директори, Заев ја одложи за една недела

Иако денеска денес требаше да бидат познати кои дваесетина директори од јавните претпријатија, дирекции, комисии, фондови и агенции ќе бидат заменети со други кадри, премиерот Зоран Зaeв.
24 Вести, синоќа јави дека Заев барал дополнително време за да размисли за кадровските промени, но и се уште немало договор со коалициониот партнер ДУИ.

Пред четири дена, премиерот Зоран Заев, најави дека на 9-ти јули ќе се одлучува за имињата кои ќе бидат опфатени со „метлата“. А, денеска запрашан дали се спремни листите со имињата на оние кои ќе бидат сменети, за ТВ21, со одговор дека „сѐ уште не се подготвени за такво нешто“ и дека се уште разговараат со кандидатите.

Вицепремиерот Бујар Османи, пак, вели дека ДУИ прави анализа за работата на секој директор и дека во нивната партија ќе започне длабок процес на реформирање.

-Овој процес сѐ уште не заврши. Дебатираме во партијата во однос на овој аспект, но и со коалицискиот партнер за да ги пополниме местата. Така што, во моментов нема нешто конкретно. Разговараме. Во моментот кога ќе има конкретни имиња или промени, јавноста ќе биде информирана навреме-изјави Османи.

Неофицијално, Васко Ковачевски наместо директор на РЕК Битола треба да биде назначен за прв човек на АД ЕЛЕМ, а на негово место да дојде неговиот заменик и претседател на СДСМ Битола, Златко Ќурчиевски.

Промени се очекува да има и во раководствата на Македонија пат и Агенцијата за странски инвестиции.