Нагасаки се сеќава на атомската бомба која уби 74.000 граѓани

Церемонија во чест на жртвите од американскиот нуклеарен напад врз јапонскиот град на 9 август 1945 година, во кој загинаа 74.000 луѓе, се одржа во вториот јапонски град кој, по Хирошима, три дена претходно, беше ѓжртва на атомска бомба.

Градоначалникот на Нагасаки, Томихиса Тауе, рече дека уништувањето на нуклеарното оружје е единствениот начин да се спаси иднината на човештвото.

Тој додаде дека руската инвазија на Украина му покажа на светот дека уште еден нуклеарен напад не е само загриженост, туку „очигледна и непосредна криза“.

На 6 август 1945 година, САД ја фрлија првата атомска бомба во светот врз Хирошима, која го уништи градот и уби 140.000 луѓе.

Три дена подоцна втората атомска бомба беше фрлена врз Нагасаки./MИА/.