Жители на Аеродром, Ново Лисиче, Маџари, Автокоманда, Центар мака мачат со напад од бубашваби.
Однадвор, преку фасадите, терасите, цевките им влегуваат дома во последните десетина дена во услови на високи температури кога граѓаните се затворени дома по 19 часот, а не можат ниту да проветруваат бидејќи бубашвабите се насекаде.
Од институтот за јавно здравје каде е службата за дезинсекција, дератизација и дезинфекција тврдат дека редовно испраќаат елаборати со точни насоки кога и како треба да се третираат инсектите, глодарите и комарците на јавните површини.
Николина Соколовска тврди дека во месец мај веќе е доцна за интервенцијата а на тоа укажале навреме.
Корона вирусот требало да биде причина плус истовремено да се врши дезинфекција, дератизација и дезинсекција.
Во овие услови, Соколовска вели здравјето на граѓаните е во опасност. (Сител)