Предпладнево на Скопје повеќе граѓани забележале авион кој влече банер со политичка и антикорупциска содржина.

Тие што успеале да го сликаат авионот објавуваат дека на банерот на латиница пишува “Се гледа корупција”.

Дали пораката се однесува на последниот случај со Беса Транс каде живи изгореа 45 луѓе во македонски автобус кој немал право да излегува од земјата, дали се однесува на набавката на модуларните болници каде живи изгореа 14 луѓе или се работи за некој друг корупциски случај не може да се открие од објавите.