Истражување на јавното мислење, спроведено во очекување на предлог-законот со кој ќе се дозволат истополови бракови, покажа дека речиси 55% од Грците се „за“ законот и 53% исто така веруваат дека геј-паровите треба да имаат право да усвојуваат .

Новиот лидер на Сириза се „омажи“, како Грција ќе го прифати тоа!?

Анкетата, спроведена за весникот „Прото тема“, покажа дека 41,9% од испитаниците се за законодавството кое дозволува истополови бракови – со кое се доделуваат целосни брачни права,а 12,9% „најверојатно“ се согласуваат со планираниот закон, јавува Катимерини.

Против истополови бракови категорично се 35,1% од испитаниците, други  7,4% рекле дека „најверојатно“ не се согласуваат, а само 2,7% одбрале да не одговорат.

На прашањето дали на хомосексуалните двојки треба да им се дозволи да посвојуваат дете „кое моментално е во институција“, нешто помалку од 53% од испитаниците изразиле поддршка, а 40,6% биле против.

Грчката влада ќе ги легализира истополовите бракови, но не и да имаат деца од сурогат-мајки

На прашањето дали на истополовите парови треба да им се дозволи да имаат деца со сурогат мајчинство, при што 65,6% од испитаниците се противат на идејата, а само 29,6% се за тоа.