Над 800 илјади евра веројатно ќе треба да исплати осигурителната компанија „Еуросиг“ за автобуската несреќа кај Лескарци во која загинаа 15 лица, а 30 беа повредени.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски вели дека, најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидена сума од 675.000 евра, дознава „Нова Тв“.
По основ на полиса за патници во јавен превоз може да бидат исплатени дополнителни 200 илјади евра: 4.500 евра за смртен случај, 9.000 евра за траен инвалидитет и 2.000 евра за повреди и лекување