Профилот #Следиме на социјалната мрежа Фејсбук каде се објавуваат голем број информации од јавен интерес објавува позитивен документ за украинскиот Русин Александар Онишченко потпишан од Јовче Ременски како шеф на Секторот за борба против тероризам и насилен екстремизам во Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Според документот што одобрил Јовче Ременски, сопругот на Фросина Ременски од СДСМ, кај Онишченко кој е на црната листа на САД и бил баран од Украина не била најдена причина да биде одбиен за македонски пасош.
Ременски има директни комуникации со странските служби во Македонија кои сигурно имале информации за Онишченко.
Началникот за тероризам во АНБ потпишува документ според кој Онишченко не бил евидентиран ниту како сторител на криминални дела.
Сопругата на Јовче Ременски екс пратеничката Фросина Ременски веднаш по скандалот се шегуваше на сметка на АНБ која не ги видела причините поради кои Онишченко не смеел да добие македонски пасош.
Ниту АНБ ниту Ременски попладнево и вечерва не го негираа документот.
На насловната фотографија Ременски е крајно лево