Нацевски: Наместо воз до Бугарија, поарно е да купиме рикши од Јапонија

Долгогодишниот новинар,главен уредник на „Вечер“ и дописник на „Нова Македонија“б од Софија со свој став за „приближувањето“ на Македонија и Бугарија преку најавените авио-врски на Софија со Скопје, проекти за железница…

Место да се градат 60 мостоови и 30 тунели, и да се фрлат милијарди што ги немаме за со Софија со воз да се поврземе, подобро е од Јапонците илјадници рикши да купиме, така барем со Бугарите братски ќе си се возикаме.

А бре што фрлате во бунар толку пари, кога и врапците знаат дека сме сиромашни фукари. Шути а рогати, кои се перчат како да се рокфелерски богати.

Струја немаме, селата ни се без патишта и водоводи, многу реки без премини, болници и училишта од дотраеност се распаѓаат. Од немаштија младите усвет ни бегаат. Пустееме, дечиња се помалку ни се раѓаат.

Не одете по умот на лудите.

Домаќински седнете со соседите и пресметајте со таа железница во ова зловреме што добивате, а колку губите. Вклучете ги на јако мисловните центри во главите, немојте народот без гаќи да го оставите“, објави на Фејсбук Нацевски.