„Бугарите сакаат ние нив да ги ставиме во Уставот, а тие нас во скутот!“ – со оваа објава на својот фејсбук – профил новинарот Бошко Нацевски на „сликовит“ начин ги разјасни затскриените намери на официјална Софија и нејзините настојувања по секоја цена „државотворниот бугарски народ во Македонија“ да се „вдоми“ во највисокиот правно-политички акт на македонската држава.

Објавата на Нацевски наиде на соодветни реакции:


– Преамбулата на Уставот веќе стана „ботаничка бавча“.

– Уставот веќе е конзерва, која се отвора по желба и по сечија потреба. Се буричка во таа конзерва и се додава ѕира кој колку сака, но и се одзема од неа кому колку му треба, слободно и без прашање. Таа конзерва веќе нема капак: искривен е од отворање!