На уште 86 милиони деца во светот им се заканува сиромаштија

Поради економските последици од пандемијата на Ковид 19, уште 86 милиони деца ширум светот ќе западнат во сиромаштија до крајот на 2020 година, предвидува заедничката студија на „Зачувај ги децата“ и УНИЦЕФ.

Ова ќе го зголеми вкупниот број на деца погодени од глобалната сиромаштија на 672 милиони, што е за 15 проценти повеќе од лани, двете агенции го цитираат АФП.

Речиси две третини од овие деца живеат заедно во субсахарска Африка и Јужна Азија.

БГНЕС