Пвеќе од 300 доверливи документи на имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, вклучително и материјали од ЦИА, Агенцијата за национална безбедност и ФБИ, пронашла американската влада по упадот на имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп, на неговиот приватен имот во Флорида.
Претресот бил дел од федералната истрага за тоа дали Трамп незаконски отстранил документи кога ја напушти функцијата во јануари 2021 година по поразот на претседателските избори од демократот Џо Бајден.
За време на претресот, ФБИ заплени 11 комплети доверливи материјали во Мар-а-Лаго, од кои некои беа означени како „строго доверливо“ – највисоко ниво на тајност резервирано за најстрого чуваните информации за националната безбедност на САД и може да се видат само во посебни државни установи.
