На Тито нема кој да му крене телефон во МВР

Професорот Тито Беличанец јавно му се пожали на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за работата на службите во МВР.

„Почитуван министре Спасовски!

Нема поголемо омаловажување на граѓанинот кој неколку саати врти на бројот 080019292 за да закаже сликање за визачка дозвола и после неколку саати вртење во сите периоди на денот автоматот да Ви одговори на англиски “ извинете обидете се повторно ”, а на крајот да ви рече “догледање”!“, објави тој на Фејсбук, пренесува Фактор.

Беличанец во јавноста важи за голем поддржувач на политиките на актуелната власт.