Премиерот Ковачевски денеска од Брисел објавува четири твита за наводниот почеток на преговори со ЕУ.

Иако деновиве неговиот народ е преокупиран со опасноста бугарскиот протокол и францускиот предлог да имаат долгоречни штетни последици за нацијата Ковачевски во ниту еден од нив не ги споменува Македонците, македонскиот народ, макеоснкиот јазик или македонскиот идентитет.

На едно место употребува македонска историја но и таа е ставена во контекст на иднината а не во контекст на нападите врз македонскиот идентитет.

Зошто Ковачевски, на според него историскиот ден, не ги споменува Македонците, македонската нација или народ е нејасно.

Македонскиот народ со неговите оосбености, само еднаш, Ковачевски го споменува во неговиот долг говор објавен на станицата на владата кој е прикачен во еден од твитовите, каде нема ниту М од Македонци или Македонски народ.

Исто како на Твитер и на Фејсбук Ковачевски не ги споменува Македонците а таму не е прикачено ниту соопштението од владата.