На Србија ѝ треба нуклеарна електрана!

Американските и европските компании да инвестираат во изградба на нуклеарна централа во Србија, повика директорот на ЈКП „Белградски електрани“, Раде Баста.

Тој вели дека енергетската безбедност, економскиот развој и ефикасноста на заштитата на животната средина веќе долго време се основни и меѓусебно поврзани цели, поради што ниту една национална економија денес не може да каже дека е „енергетски безбедна“.

„Србија, како една од земјите на Југоисточна Европа, има добра геостратешка позиција што треба да ја искористи во областа на енергетиката за да ги постигне стратешките и националните развојни цели.

На глобално ниво, околу 15 проценти од електричната енергија се добива од нуклеарна енергија од 450 нуклеарни централи во светот, од кои една третина се во Европа. Во моментов се градат 60 нови реактори.

Тој додава дека Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Унгарија имаат нуклеарни централи и сите тие или градат или се подготвуваат за изградба на нови единици, а Унгарија гради нов реактор на помалку од 70 километри од границата.

„Затоа, верувам дека мораториумот за изградба на нуклеарни централи во Република Србија треба да се укине и да се разгледа можноста за привлекување инвестиции за изградба на нуклеарна електрана.