На специјалната листа на Османи наречена МКкарта со која претставници на дијаспората ќе имаат специјален третман при влез во Македонија речиси 1/6 се од Норвешка.

Од вкупниот број носители на контроверзната МКкарта 69 кои ги избира Османи има неверојатни 12 души од Кралството Норвешка кое е дел од НАТО но не дел од ЕУ.

Од нив по етничка припадност 8 се Албанци , еден е Србин а останаите се Македонци.

Зошто Норвешка која не е членка на ЕУ е најзастапена на листата која ја одобрува Османи треба да одговори министерството што тој го раководи.

Според проектот МКкарта кој го турка Османи заслужни македонски граѓани при влез во Македонија ќе можат побрзо да ги минат граничните и царински контроли додека луѓето со пречки, со хендикеп или трудни жени ќе мораат да чекаат во ред за да влезат во земјава.

Кои се конкретните правила по кои се бираат овие луѓе засега МНР не открива иако во јавноста веќе се коментира дека Османи и ДУИ заедно со Ковачевски и СДСМ дават државни привилегии на свои партнери во разни други проекти.

Македонија односно владата на Османи предходно даде 215 пасоши на светски криминалци и мафијаши за кои не се знае дали се уште ги користат освен ако не се појават како убиени или убијци во серија инциденти низ Балканот и пошироко.