По најавата за „метла“ на функционри кои не служат доволно добро на народот, од редовите на владејачката партија, таа најверојатно ќе „заигра“ и меѓу градоначалниците во неколку скопски општини. 

Посебно се посочуваат општините Кисела Вода и Гази Баба, каде што е забележан најголем пораз, но и Аеродром и Ѓорче Петров, во кои ВМРО-ДПМНЕ исто така обезбеди подобар резултат од СДСМ.

Според неофицијални информации, се разгледувала можност да им бидат побарани оставки на двајца градоначалници на скопски општини, каде што е евидентиран најиндикативен пад во однос на последните локални избори, и кои беа често на тапет на јавноста поради лоши потези, посебно во делот на урбанизмот, дознава „Независен“.

Весникот попатно го споменува и градначалникот на Скопје, на кој „меѓу другото му се забележува дека истовремено е и потпретседател на партијата, така што проценките се дека не придонел доволно за подобар резултат во главниот град’.

Сепак, останува прашањето дали „метлата“ најавена од ценралната власт може да се однесува на локалните избраници за чија смена ќе треба да се организираат ови локални ибори.