На СДСМ му пропадна кампањата дека Груевски управува со ВМРО-ДПМНЕ

Последните неколку години СДСМ водеше кампања дека Груевски управува со ВМРО-ДПМНЕ, за сега нивната кампања да доживее целосно фијаско и тие самите да прават сценарија, преговори и договори и планови споменувајќи го токму името на Груевски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

„Колку ли понижувачки и жално им изгледаат сега на членовите на СДСМ билбордите кои ги објавуваа пред неколку години. Нивната сопствена партија ги искористи и излажа.


Јавноста доживеа да види како пропагандистите на СДСМ токму во неговото име гледаат спасител на СДС.

Разочарувачки е што некој воопшто влегувал во вакви дилови и математики спротивно на волјата на огромно мнозинство на граѓаните. Но, како велат очајните потези се повлекуваат од луѓе кои немаат многу избор, па оттука јасно ни е зошто СДС се одлучиле на ваква операција. СДС знаат дека ги чека жесток пораз.

Самите се посипаа со пепел и сега им преостанува само да расфрлаат пердуви со своите партнери и да го очекуваат изборниот пораз и катастрофа кој им следи“, велат од партијата.