Кинеската компанија се најде на удар на критики откако почна со казнување на „мрзливи“ работници кои прават повеќе од една пауза за „тоалет“ во текот на работното време.
Anpu Electric Science and Technology, кинеска корпорација со седиште во Донггуан, провинција Гуангдонг, призна дека спроведува бизарна политика „на едно одење во WC дневно“ и дека ги казнува вработените кои ја прекршуваат со 20 јуани (2,5 евра).
Според информациите на компанијата што незадоволните работници ги споделувале на социјалните мрежи, најмалку седум вработени биле казнети на 20 и 21 декември, пренесува Индекс.хр.