На Путин му успеа нешто што никому претходно не му успеало на Балканот

Рускиот претседател денеска на гласање во ОН успеа да ги обедини сите балкански држави кои од распадот на Југославија не можеа да се договорат за ниедна заедничка позиција.

На гласањето за бркање на Москва од Советот за човекови права при ОН рускиот претседател Путин успеа да ги стави на иста страна Србија, Црна Гора, Хрватска, Македонија и Словенија кои гласаа за суспензија на Русија.

По 30 години непријателства и заземање на различни страни тој ги натера сите балкански земји наследнички на Југославија освен БИХ конечно да се договорат да бидат со ист став за едно прашање, руската агресија врз Украина.

Ако се додадат Албанија, Грција, Бугарија и Романија кои исто така гласаа за суспензија на Русија ,,успехот” на Путин е уште поголем.