Само што тргна, најбрзиот воз во Индија се расипа

Само еден ден откако беше пуштен во употреба, најбрзиот воз во Индија се расипа и тоа на своето прво патување.

Поради „надворешен удар“ кој предизвикал проблеми во комуникацијата меѓу последните четири вагони и остатокот од возот, на околу 200 километри од Њу Делхи, „Ванде Бхарат експрес“ морал да застане.

Полубрзиот воз, може да собере 1.128 патници а може да достигне максимална брзина од речиси 160 км/ч.
„Произведено во Индија“ е иницијатива чие произвдство е и овој воз а има за цел да го„крене“ нивото на производство на земјата и да ја претвори во глобален центар за производство.