На професор Малеска и се допаѓа кога академик Ќулавкова трпи одвратни нечовечки и мизогини навреди

На професорката Мирјана Малеска која е сопруга на професорот Денко Малески и се допаѓа кога нејзината колешка Катица Ќулафкова, професорка и потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите, трпи тешки и нечовечки навреди.

Малеска ставила знак на допаѓање ,,лајк” на статус на апологет на СДСМ кој академик Ќулавкова ја именува со низа навредливи називи од кои некои не се за луѓе помлади од 18 години.

Навредите врз Ќулавкова се случија по нејзиниот настап на собирот организиран од МПЦ-ОА против законот за Родова еднаквост и Матична евиденција.

Зошто на Малеска која е често присутна во јавноста и се допаѓа кога некоја нејзина колешка е предмет на одвратни навреди е прашање на кое таа треба самата да одговори.

Како е можно на интелектуалец како неа да и се допаѓа мизогинија упатена кон колешка е посебно прашање на кое треба одговор да даде и науката.

Малеска не е единствена жена која на навредите напишани од маж за друга жена ставиле ,,лајк”.

,,Катица

Катица прв пат ја сретнав во Амбасадата на Република Македонија во Софија. Беше на чело на некаква делегација поети. Се сеќавам на клучната реченица: Поезијата е форма низ која Бугарите најдобро разбираат дека бугарскиот и македонскиот не се ист јазик. Во поезијата разликата станува голема и понекогаш тешко премостлива.
Беше тоа пред триесетина години.

Потоа ја видов на промоцијата на избрани или собрани, кој ќе го знае, дела на Ристо Лазаров во Клубот на писагелите. Тогаш од неа го чув најубавиот македонски јазик. Ми звучеше светски, ако може така да се каже. И во лексиката и во синтаксата и во дикцијата и во мелодиката. Во се. Свиреше Патакот.
На еден друг начин јас го сакав само уште македонскиот јазик на Ѓоко Ѓеоргиев затоа што го презентираше на игалијански или француски начин, му удираше некоја мелодика која го издигнуваше од неговата стерилност и провинцијалност.

Тој го пееше македонскиот.
И на трет начин ме привлекуваше говорот на првите водители на македонската телевизија.
Но, Ќулафкова беше друга, јас би рекол ненадмината категорија во таа јазична смисла.

Тие импресии ги запишав во мојата колумна во “Глобус”.

Потоа ми падна в очи нејзината средношколска поезија, како и кај мнозинството македонски поети и туку почна сомнежот кој заедно со членството во МАНУ ми предизвикаа сериозен сомнеж.

На прагот на нејзиното потонување во етногенезата на македонскиот народ, прифатив заедно да промовираме една книга на Мимоза Ристова.

Потоа скокна во историјата, во традицијата, во нацијата, во конзервата, со идеја да му вдахне историска легитимација и важност на народот и да го обезбеди напаѓајки ја стварноста и вистината како загрозувачки феномеми.

Така нашата слатка птичка одлета во јатото на најпримитивниот и најопасен антиевропски национализам заедно со низа свои колешки и колеги со политичко застапништво на вмро.

Денеска е како оние холивудски ѕвезди кои по портлите ги пренесуваат со наслови: Гледајте во што е претворена некогашната секс бомба. Напумпана со силикони и ботокси и подуена од алкохол и дроги. Со тоа што Ќулафкова никогаш не била секс бомба. Не била никаква бомба. Најмногу ми личи на нагазна мина, на кора од банана, на фишек без семки, на тактичко нуклеарно оружје против науката, против Ману против Македонија, на крпа за плашење на нормалните, на г…о за собирање на патриотските муви.

Катица е и против МПЦ. Објективно. Само што на архиепископот, како и секогаш и во се, ќе му текне предоцна. Зато што и тој не е архиепископ туку е знак дека птиците на верниците не смеат да слетуваат тука. Ако не сакаат да ги убијат со куршумите на православната бесмисла”, е текстот на кој Малеска ставила знак за допаѓање ,,like”.

Навредите за академик Ќулавкова ги објавува новинарот Бранко Тричковски кому лично веќе никој не му фаќа кусур поради ситуацијата во која се наоѓа.

По скандалозното однесување се поставува дилемата дали и на Малеска веќе никој не треба да и фаќа кусур по поддршката за тешките навреди кон нејзина колешка.