Изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека има шанса за заеднички кандидат за претседател со СДСМ се случи откако министерката за труд Царовска се повлече од директното обвинување во Фондот за пензиско осигурување каде недостасуваат 19 милиони евра.
Партиски извори тврдат дека ставот на ДУИ за партиски кандидат омекнал откако Царовска кражбата на 19 милиони евра ја нарече системски проблем кој го префрли на Обвинителството.
“Ако СДСМ преку случајот во ПИОМ сфати дека ДУИ е сериозна партија со која никој не може да си игра имаме можност да најдеме договор за консензуален кандидат, а за тоа одлуката ќе ја донесе лидерот Ахмети.
ДУИ не сака да ги остави Села и Касами да одат со единствен кандидат Албанец и да соберат огромен број албански гласови но доколку Заев понуди прифатлив кандидат кој може да победи подготвени сме за компромис”, велат партиските извори.
Предходно во петокот во емисијата „360 степени“ Мила Царовска, министер за труд и социјална политика говореше дека скандалот со пензиите е системска грешка.
-Целиот систем едноставно некој заборавил дека треба да се следи. И дека треба одговорно со финанските средства што работодавачот ваш денеска ви ги уплаќа за придонеси одреден процент останува во првиот пензиски столб, но одреден процент заминува за вториот, за да вие можете да земете комплетна пензија. И тоа е суштински проблем, појасни Царовска.
А, кога јас посочив персонална одговорност беше укажано дека не е технички проблем, ова е системски проблем, проблем кој што значи дека едноставно неодговорно се пристапило кон креирањето на политиките, следењето на политиките во државата кои што се однесуваат на пензискиот систем.
Јавното обвинителство ќе утврди дали има работа околу овој случај. Моја одговорност согласно Кривичниот Законик е она кое што го имам како индиција да го доставам, а оние кои што се одговорни да прибават докази, да ја следат состојбата, да ја испрашуваат и да ги анализираат процесите каде и за чија цел отишле тие финансиски средства, дали некој ги земал, или не ги земал, значи тоа не е надлежност на МТСП, нагласи Царовска.