На повидок четворна колиција во бугарскиот парламент

Пред малку, за време на изборот на претседател на Националното собрание, стана јасно новото парламентарно мнозинство -ИТН, ДБ, ИБНИ и ДПС, („Има таков народ“, Демократска Бугарија’, “Стани БГ! Ние доаѓаме“ и Движење за праваи слободи“-н.з.)) коментираше на својот ФБ профил заменик-претседателот на ГЕРБ, Даниел Митов по изборот на Ива Митева за претседател на парламентот.

„Тројната коалиција стана четворна, формулата 3: 5: 8 ќе се претвори во нешто уште позлобно“, напиша Митов.

Пратениците на новото 46-то национално собрание со 137 гласа „за“ за претседател ја избра адвокатката Ива Митева од партијата „Има таков народ“, која беше претседател и во претходниот состав на парламентот, јави дописникот на МИА од Софија.

За изборот на Митева ГЕРБ и БСП беа воздржани.