На Кареви, потомци на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, не им било дозволено да положат цвеќе на Мечкин Камен во Крушево, дознава КУРИР од лица присутни на денешната прослава под мотото „Сите сме деца на Илинден“.
Според информациите до кои дојде Курир, семејството Кареви е навредено и револтирано, бидејќи не им било дозволено положување на цвеќе, согласно традицијата.