„ Ние преговараме за да станеме членки. Конечно, на еден од своите состаноци во Брисел, на нашата делегација неофицијално и беше кажано дека во високи европски кругови се размислува за алтернатива за членство која се вика европска економска зона. Тоа е форма на поширок европски пазар, но не и да сте член во политичките институции“, рече македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за РТС, во пресрет на неговата посета на Белград на 22 ноември на официјална покана на шефот на српската држава Александар Вучиќ.
Шефот на државата додаде дека идејата за одржување Самит на земјите од Западен Балкан и ЕУ е со цел да се отфрлат алтернативите на евроинтеграциите, сакаме „да кажеме дека не сме задоволни со ова, бидејќи се однесува на оние кои веќе преговараат“.
“Мислам дека сите што сме погодени со ова треба да потпишеме декларацијата, дека после толку години не ни паѓа на памет да се задоволиме со членството во некаква европска економска зона“, дециден е Пендаровски.