Во рок од 60 дена треба да се дислоцираат камп приколките на езерото Треска, побара Општина Сарај која доставила писмено известување до сопствениците.
Од Општината велат дека приколките пречат за реализација на новиот Детален урбанистички план, дознава порталот СакамДаКажам.
Градоначалникот Блерим Беџети за СДК.Мк вели дека Општината почнала два паралелни процеси за езеро Треска и тоа за дислокација на приколките и за прогласување на Треска за слободна туристичка зона.
Што предвидува новиот ДУП и какви објекти ќе се градат околу езерото Треска, Беџети не кажа.
Езерото Треска е изградено во 1978 година со самопридонес од жителите на Скопје на површина од 136.000 метри квадратни и со капацитет за 10.000 капачи.