На насилникот од Европската комисија во Собранието му се заканува затворска казна (ВИДЕО)

Пратеникот на ДУИ Арбер Адеми кој е претседател на Комисијата за европски прашања денеска во Собранието сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, предвидено во член 133 од Кривичниот законик.

Ова го тврдат екс обвинители во Јавното обвинителство кои ја виделе снимката од денешниот инцидент во собранието.

Филџаните, тацните и другите средства со кои Адеми фрла во групата пратеници можат да се сметаат за опасно орудие затоа што тој е свесен дека со нив може да предизвика сериозни телесни повреди или дури и смрт.

Јавното обвинителство по инцидентот мора да постапи по допрен глас ако нема кривична пријава од други извори и да поведе истрага до цел да утврди постоење на кривично дело кое може да донесе и казна затвор за Адеми.

Според Кривичниот законик казната за ова дело може да биде парична или до 3 месеци затвор.

Ако Адеми го направил делото за кое експертите немаат дилема дека е прекршување на Кривичниот законик и ако пратеникот го загуби имунитетот тој може да заврши во затвор.

Еден од тие експертот што тврдат дека се работи за чисто кривично дело на пратеникот го избриша првичниот пост на Фејсбук во кој коментира на темата. Причината е стравот од реваншизам од ДУИ чиј член е Адеми.

Експертот кој инсистира на анонимност не сака јавно да коментира за expres.mk но прашува дали ако скршен филџан или тацна скинеше вратна артерија на некој од пратениците, што се случува при тепачки, Јавното обвинителство ќе поведеше постапка за обид за убиство.

Што направи Адеми во собранието

Инцидент во Собранието: Пратеник на ДУИ употреби физичко насилство (ВИДЕО)