На мултимилијардерите „им се погоди“ пандемијата

Најбогатите 10 луѓе во светот го удвоиле своето богатство за време на пандемијата – од 700 милијарди долари на 1,5 билиони долари, според најновиот извештај за нееднаквост на Оксфам, кој забележува дека „ако првите 10 милијардери седнат врз купот банкноти од американски долари сочинет од нивното вкупно богатство, тие би стасале на речиси половина пат до Месечината“.

Некои милијардери имаа особено добра пандемија, дури и според стандардите на ним сличните.

Богатството на извршниот директор на Tesla и SpaceX, Илон Маск, се зголеми за околу 100%, до сегашната вредност од околу 270 милијарди долари. Ко-основачот на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин се здобија со по 125% зголемување на нивното богатство.

Севкупно, 2.755 милијардери во светот станаа побогати за време на речиси двегодишната пандемија повеќе отколку во последните 14 (во голема мера просперитетни) години, соопшти Оксфам.

Најбогатите 1% 1% имаат речиси 20 пати повеќе од глобалното богатство отколку 50% од човештвото“, се наведува во извештајот.

Дури и „ако 10-те најбогати луѓе изгубат 99,999% од своето комбинирано богатство, секој од нив сепак би бил побогат од останатите 99% од светот“. (Пари.мк)