На маж од Македонија му се суди во Германија за убиство по расправија во затвор

Во германскиот град Траунштајн во покраината Баварија почна судењето на 49-годишен маж од Македонија за убиство на помлад затвореник во затворот во Бернау ам Кимзее.

Обвинението го товари македонскиот државјанин за нанесување фатални удари со клоци во главата на жртвата, која починала од повреди на мозокот.

Тоа е епилогот од расправијата во дворот на затворот, во која
двајцата меѓусебно се навредувале.

Двајца затвореници пред полицијата сведочеле дека починатиот бил претепан додека бил на земја, при што убиецот со сета сила го удирал со нозете во главата, но пред Судот тие изјавиле дека веќе не се сеќаваат точно што се случило и го измениле својот првичен исказ.

Обвинителот се сомнева дека врз нив било влијаено да ги променат изјавите, а на едниот сведок му се заканува и обвинение за лажно сведочење.

Поднесени се и обвиненија против затворскиот персонал, откако затворениците посочиле дека му притекнале на помош на нападнатиот по повеќекратни повици и недоволно брзо. Жртвата починала на местото на настанот, и покрај обидите за реанимација.