Високи дипломатски извори за тв 24 велат дека во Брисел се уште се преговара, а ЕУ засега нема заземено заеднички став по ова прашање.

Според изворите на телевизијата Бугарија врши притисок а вчера на маса пред дипломатите, биле ставени 4 прашања – јазикот, името, македонското малцинство во Бугарија и историјата.

“Засега нема решенија велат, само преговори кои се движат напред, а решение треба да има до 10 ноември или на Советот за општи работи во Брисел, може да се стави вето врз македонските преговори”, објави ТВ24.