Вечерва на 24 часа пред да стапат во сила новите мерки за спас од Коронавирусот во Охрид се случува огромен настан на кој ќе настапи српската пејачка Светлана Раѓњатовиќ Цеца а на кој се очекуваат најмалку 5 илјади луѓе.
Концертот на Цеца ќе се одржи во клубот Егоист на осудениот во случајот Рекет Зоран Кичеец кој се наоѓа во комплексот Голден Бич на плажата Парк.
На настапот на српската пејачка Јелена Карлеуша на истата сцена која не е предвидена за големи концерти и каде што не може да се спроведат мерките за целосна заштита од Ковид19 биле присутни над 4 илјади луѓе.
Вечерва во Охрид се очекуваат многу повеќе посетители од концертот на Карлеуша при што за организаторите ќе биде исклучително тешко да ги имплементираат актуелните мерки за заштита од опасниот вирус.
Какво влијание ќе има овој концерт, кој во Охрид популарно се нарекува Кластер Цеца, на општата загрижувачка состојба со Ковид19 во Македонија ќе се види за неколку дена.
Последна вест
Откако партијата на Заев беше обвинета дека „ не е спремна за прогрес и транспарентност, туку напротив дозволува назадни, ризични, конзервативни и нетранспарентни процеси“
Раскол во силите на СДСМ во Центар, Белчева оди со независна листа