На Македонија ѝ се заканува опасност од рефеудализација (ВИДЕО)

Професорката и пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на вчерашната седница на Собранието побара мнозинството да дозволи реална дебата во парламентот.



Дебатата да биде отворена и за синдикатите, стопанските комори и науката, бара Силјановска која смета дека само дебата меѓу власта и опозицијата не е доволна.

Во свое обраќање професорката цитира двајца новеловци Штиглиц и Кругер кои укажуваат на глобални процеси како ре-феудализација од кој страда и Македонија.