Метеоролошка служба на САД издаде предупредување за снежна бура во делови на јужна Калифорнија, нешто што не се случило од 1989 година.
Зимската бура што се формираше во „Златната држава“ ќе почне да се засилува, информира Би-би-си.
Синоптичарите предвидуваат рекордни врнежи од снег до 2,4 метри во планините источно од Лос Анџелес. Се очекува и засилен ветер со налети од 96-120 км/ч.
Во сила е предупредување за зимско невреме за крајбрежните планини на округот Вентура и планините на округот Лос Анџелес.
Огромното невреме веќе предизвика големи снежни виулици и ниски температури низ поголемиот дел од северниот дел на САД, додека југоисточниот дел на Соединетите Држави се бори со рекордниот топлотен бран.
Властите ги советуваат жителите да не ги напуштаат своите домови освен ако тоа е апсолутно неопходно.
