Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој беше организатор на пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, вчера неговиот преофил на Фејсбук објави уште едно видео на кое се гледа веењето на знамето со т.н. „голема Албанија“.

Во скоро четири минути, трипати се покажува спорното знаме со територијални претензии кон други држави, меѓу кои е Македонија.


Касами не одговари на на прашањата од „Макфакс“ зошто дозволил таква иконографија.

Од Кабинетот на премиерот Димитар Ковечевски вчера реагираа дека истакнувањето знамиња кои не се државните е спротивно на протоколите и законите за организирање настани во присуство на државници од странски земји.

„Воедно, видот на иконографија забележан на настанот во присуство на висок претставник на странска држава е несоодветно и недозволиво во земја членка на ООН и земја членка на НАТО и во таа насока Ве информираме дека СВР Тетово презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот“, соопштија од Кабинетот.