На Илинден Заев од Пелинце оди на бугарската прослава

Веднаш народниот собир на 2 август на Пелинце, премиерот Зоран Заев ќе замине на бугарската прослава на Илиненското востание.

Македонски владини извори не ја потврдуваат информацијата на expres.mk што доаѓа од Софија дека Заев во четврток по Пелинце ќе замине во Благовград.

Со него треба да замине и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски а во Благоевград треба да бидат пречекани од премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

На заедничка прослава со Борисов и Каракачанов во служба на митрополитот Серафим, Заев и Спасовски треба оддадат почит пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград.

Од Владата во Скопје се уште нема најава за оваа прослава која што била договорена лани во август а која е дел од мерките за пријателство меѓу двата народи.

Бугарија тврди дека Илинденското востание е бугарско затоа што било организирано од Бугари и официјално го нарекува Илинденско – преображенско.