Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, бара да се користат кратенките “НМ” или “РНМ” наместо “МКД”. Тој испратил писмо до министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во кое бара целосна и доследна имплементација на Договорот од Преспа, за време на учеството на Македонија на Европското фудбалско првенство, брифираат грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА.

Според дипломатските извори од Грција, Дендиас во дописот пишува дека иако во Договорот, како што е предвидено во член 1, параграф 3, точка е, кодот за името Северна Македонија во Меѓународната организација на стандардизација (ИСО), останува „МКД“, „употребата на конкретниот акроним на ЕУРО 2020 не може да биде прифатен од Грција“.

Истите извори додаваат дека во рамките на меѓународната практика на целосното имплементирање на договорот, како и обидите за одржување на позитивна динамика во билатералните односи, „Северна Македонија мора да користи акроним што одговара на нејзиното име, како што е „NM“ (North Macedonia) или алтернативно „RNM“ (Republic of North Macedonia
Дополнително, во писмото Дендиас истакнал дека треба да се реши и прашањето со промена на името на Фудбалската федерација, но и побарал Османи да интервенира за решавање на овие прашања во рамките на добрососедските односи.