На годишнината од „Диво Насеље“ Спасовски спомна „режим кој ги држеше во заложништво државата и граѓаните“?!

Дента кога на најблиските им се стегаат срцата за осумтемина загинати полицајци во битката со терористите од кумановско Диво Насеље пред осум години, а тагува и нацијата за македонските херои што им застанаа на патот на косовските инфилтратори, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја злоупотреби нивната болка за политичка цел, зборувајќи дека „нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните“?!

„Денеска се навршуваат 8 години од ‘Диво насеље’.


Во мое Куманово, и во целата земја сите бевме во неизвесност од вооружениот напад во кој животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Нека им е вечна слава!

Судските архиви сведочат за ‘терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност’, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните.

Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!“, напиша Спасовски на Фејсбук.