„На Европа и претстои тешка зима, но не и на Турција“

Европските земји ќе се соочат со сериозни тешкотии оваа зима поради ограничувањата за испорака на гас од Русија.

Ова го оцени турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

На средбата со членовите на Турската младинска фондација во Истанбул, тој рече дека сега цела Европа се прашува како ќе помине оваа зима, пренесува агенцијата Анадолија.

Ердоган посочи дека Турција нема да има проблеми со снабдувањето со енергија оваа зима.