
На депонијата Дрисла во Скопје до крајот на февруари 300.000 дози од Фајзер вакцините ќе мора да бидат уништени како медицински отпад поради поминат рок на траење, дознава МКД.Мк.
Од Министерството за здравство велат дека деловна тајна е податокот за тоа колку чинеле вакцините кога се набавиле и колку ќе чини уништувањето.
Опфатот на вакцинирани лица во Македонија со две дози е 41 отсто. 128 илјади лица примиле трета доза од вакцината.
