На граѓни кои се фотографирале за нова лична карта или за возачка дозвола документите ќе имм бидат доставени на домашна адреса од страна на полициски службеници.
Така што нема потреба веќе да чекаат со часови во просториите на МРТВ за да ги подигнат, бидејќи пилот-проектот на МВР функционира одлично, велат од Министерството за Плусинфо.
Ова не важи и за пасошите кои сепак и понатаму ќе се подигнуваат на шалтерите на МВР во местото каде се аплицирало за нов документ со сменето име на државата.
Овој пилот-проект во моментов се спроведува само на територијата на Скопје и она што е важно е што документите не се испраќаат преку пошта, туку полициските службеници ги носат дома кај граѓанинот.
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски за Плусинфо ја објасни целата процедура како се реализира овој пилот-проект и кои граѓани може да очекуваат полициски службеник да им заѕвони на врата.
„Процедурата е многу е едноставна и веќе дава позитивни резултати, па така од страна на полициските службеници досега на домашна адреса се доставени повеќе од 1.000 документи. Во полициските станици се носат последните готови лични документи. На пример, лицата кои се имаат фотографирано на 10 јануари може да очекуваат дека полициски службеник ќе дојде да им ги достави.
Како што ќе се врши доставата според направените документи, така ќе се намалува и периодот или датумот кога граѓаните се имаат фотографирано за новите документи“, вели портпаролот на МВР.