На денешен ден пред 77 години бугарските фашистички власти кои биле окупатори на Македонија испратиле 98 проценти од македонските Евреи во концентрациони камп Треблинка каде најголем дел умреле или биле убиени.
Осумдесет и четири од нив биле од најтесното семејството на ексминистерката за труд и социјала Рашела Мизрахи, која сега е втора на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2.
“11 март 1943 – 11 март 2020
Во спомен на 7144 Евреи од Македонија од кои 84 од најблиското семејство на Мизрахи”. Слава им!” напиша денеска на Фејсбук во знак на сеќавање Лилјана Мизрахи, мајка на Рашела.
Рашела Мизрахи пред еден месец беше цел на еден од најсериозните напади во кој се користеше антисемитизам во Македонија.
Таа во ниту една прилика иако под антисемитски напади не ја спомена тажната историја на нејзиното семејство а пред Еврејските организации се бори Македонија да не биде ставена на мапата на антисемитски држави.
На барање на СДСМ кое го поддржаа албанските партии Мизрахи беше сменета од Собранието во 4 часот наутро откако не сакаше да го користи зборот Северна како прв човек во Министерството за труд и социјала.
Во знак на солидарност со Мизрахи ВМРО-ДПМНЕ не предложи нов кандидат во техничката влада.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10213167134571987&id=1803796453