На барање на Арсовска МВР на Спасовски влегло во град Скопје во потрага по микрофон

Трагикомична ситуација се случила денеска во град Скопје каде дошле полициски службеници во обид да најдат мугрофон, тврдат вработени во градската управа на главниот град.

Тие тврдат дека полицијата под контрола на министерот Оливер Спасовски, по налог на градоначалничката Данела Арсовска денеска во простории на Град Скопје направиле увид во потрага по микрофонот кој и беше одземено на Арсовска од страна на претседавачот на советот Трајко Славески на една од седниците.

Полициските службеници за време на увидот без дозвола упаднале во кабинетот на претседавачот на советот професорот Славески.

Полицајците според сведоци утврдиле дека спорниот микрофон не е украден а пријавата на Арсовска е лажна.

Според изворите во град Скопје овој трагикомичен инцидент е доказ за груба злоупотреба на позицијата и овластувањата на полицијата но и незаконско однесување на Арсовска.

Пред Трајковски да и го одземе микрофонот на Арсовска градоначалничката му го одзеде копчето со кое претседавачот на советот дава збор на седниците.