Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром му ставија крај на четиригодишниот пост и со победата над Широки од 75:71 (19:20, 25:19, 16:17, 15:15) не само што изборија финале на завршниот турнир во Скопје, туку и пласман во АБА-лигата.
Драмата во второто полуфинале од АБА 2 во арената „Јане Сандански“ ја реши промашувањето на Иве Иванов под кошот на „металците“, по што прекршокот врз Дамјан Стојановски тој го казни со две реализирани слободни фрлања за почеток на славењето на трибините и на клупата на македонскиот првак.
Токму помладиот од браќата Стојановски беше најефикасен во победничкиот тим со 17 поени, пред Дејвис со 14.
Во финалето в недела од 19 часот МЗТ за противник ќе го има Златибор, кој славеше со 98:83 против Борац од Бања Лука.