МВР во Скопје бркало млади луѓе што дебатирале за култура

На првиот обид за користење на отворен простор за културни иницијативи во Скопје се појавила полиција која ги бркала десетината млади луѓе кои што сакале да дискутираат за култура и да слушаат музика.

Инцидентот се случил во старата фабрика Купром која веќе не работи открива граѓанскиот активист Артан Садику.

“Замислете го Скопје кое се раководи од идеите на неговите активни граѓани! Замислете го, и замислете се за тоа кој и како раководи со градов. Има огромна разлика! Можеме да сме пример за отворен, динамичен и партиципативен град, а сме затворена, загадена и зачмаена дупка. Заслужуваме подобро, многу подобро”, коментира Садику за инцидентот со полицијата.

Коментираат и други граѓански активисти според кои во Македонија се уште владее авторитарен општествен наратив.

“Тоа е тој привид на промена на општествениот, интернализиран, авторитарен, некритички, супресивен општествен наратив… ако, добро е да се знае каде сме и на што сме…”, пишува активистка Искра Гешоска во врска со инцидентот останал само на вербална расправија без употреба на физичко насилство.

Фото: ФБ профил на Артан Садику