МВР на Спасовски издало пасош со украден идентитет од Американец на член на ИСИС

Меѓу 215 криминалци и носители на пасоши со лажен идентитет имало и припадници на ИСИС кои со македонски пасоши слободно шетале по светот.

Ова го открива порталот мкд.мк во својата информација за скандалот во кој според објавеното е инволвиран и американски државјанин чиј идентитет е искористен за пасошот на член на Исламската држава кој е баран со потерница.

Терористот на ИСИС во Македонија се бара за тројно убиство.

“На 13 септември 2018 година во 13,39 часот во просториите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи Зејадин Бериша се фотографирал, оставил отпечаток од прстот и за неколку дена добил македонски пасош со нов идентитет – Јосиф Ставре, инаку Македонец и со американско државјанство. Бериша ова слободно го направил иако во Македонија е осуден за тројно убиство и по него има меѓународна потерница за учество во терористички групи”, објави порталот.

Сите детали на овој линк